петок, ноември 6, 2026
Дома СВЕТ Австриските власти спроведоа антитерористички рации низ целата земја

Австриските власти спроведоа антитерористички рации низ целата земја

0

Австриските безбедносни служби и правосудни органи спроведоа опсежни мерки за борба против исламистичкиот екстремизам и тероризмот, како дел од координиран „Ден на заедничка акција“ на национално ниво, соопшти денеска австриското Министерство за внатрешни работи.

Операцијата се одвиваше во средата, со цел откривање на исламистички структури и мрежи во Австрија, идентификување на потенцијални закани во рана фаза и преземање одлучни дејствија против екстремистичките активности преку насочени истражни и превентивни мерки, се наведува во соопштението.

По налог на јавните обвинителства, властите извршија претреси во девет домови, испрашаа 17 лица, издадоа две привремени забрани за поседување оружје и запленија значителна количина докази, кои моментално се анализираат во рамките на тековните истраги. Во 28 австриски затвори, безбедносниот персонал изврши претрес на 235 простории и 334 затвореници.

Операцијата беше предводена од Директоратот за државна безбедност и разузнавање, со учество на сите девет покраински единици за државна безбедност и борба против екстремизмот.

„Денот на заедничка акција“ е дел од проактивна безбедносна стратегија; преземените мерки служат не само за директна борба против исламистичките структури, туку и за зајакнување на долгорочната безбедносна подготвеност во Австрија, се додава во соопштението, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ