петок, ноември 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Гувернерот Славески најави нов пакет олеснувања за клиентите до пристапот на нивните...

Гувернерот Славески најави нов пакет олеснувања за клиентите до пристапот на нивните средства во Алта банка – повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи

0

Клиентите на „Алта банка“ од Тетово и Струмица од понеделник, 9 ноември, ќе можат да подигнуваат готовина и во шалтерите што ќе бидат отворени во овие градови. Ова е дел од новиот пакет олеснувања што ги најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, со кои се проширува пристапот до средствата на граѓаните и се зголемуваат можностите за користење на банкарските услуги.

Граѓаните кои немаат платежни картички на шалтерите во Тетово и Струмица ќе можат да подигнат до 20, објави 4news.mk 000 денари. Со цел да им се олесни пристапот и на клиентите од Прилеп, Ресен и Охрид, Народната банка ќе организира автобуски превоз до филијалата на „Алта банка“ во Битола, каде што ќе можат да ги подигнат пензиите и социјалната помош.

Второто олеснување се однесува на корисниците на платежни картички. Од следната недела неделниот лимит за подигнување готовина и плаќање на продажни места се зголемува од 10.000 на 15.000 денари.

Промени има и кај идните приливи од плати, пензии и социјални трансфери. Граѓаните ќе можат да ги повлекуваат во целост средствата што ќе пристигнуваат од институции и компании кои имаат сметки во други банки, без ограничување на износот. Тоа значи дека клиентите нема да мора да отвораат платежна сметка во друга банка за да располагаат со овие средства.

Во меѓувреме, исплатата на средствата за клиентите кои немаат платежни картички продолжува според утврдениот распоред. Филијалата во Битола работи во две смени, а ќе биде отворена и во сабота, на 7 ноември. Исплатата на социјалната помош започна денеска.

ИЗДВОЕНИ