Две години условно, 8.000 евра казна и 10 години забрана да биде основач или управител на фирма – човекот што го „смести“ својот адвокат Фехми Стафа, а врската дојде и до судијата Ѓоко Ристов, нема да лежи во затвор, одлучила судијката Лидија Петровска.
Бизнисменот Љупчо Пецов-Ѓаволот, кој беше обвинет во случајот „Синџир“ и чие име се најде во центарот на истрагата што ја отвори и случајот против поранешниот државен правобранител Фехми Стафа и судијата Ѓоко Ристов, во август признал вина и добил условна затворска казна ако во наредните пет години не стори ново кривично дело.
Покрај условната затворска казна, нему му е изречена и парична казна од 8.000 евра, како и забрана во траење од 10 години да биде основач или управител на правно лице, односно да управува, раководи или располага со имот на фирма.
Од Основниот кривичен суд ја објавија пресудата во која се чита дека Пецов признал вина на 24 август 2026 година, а бидејќи ниту една од страните не вложила жалба, таа станала правосилна пред неколку дена, на 21.
– Со пресудата, на обвинетиот му се утврдува казна затвор во траење од две години затвор и нема да се реализира ако обвинетиот не стори ново кривично дело во рок од пет години – велат од Кривичен. (П. А.)












