Претседателот на кошаркарските операции во Лос Анџелес лејкерс, Роб Пелинка, овој викенд ќе одржи важен состанок со тимот, каде што Лука Дончиќ ќе има збор за тоа со кого сака да игра во наредните сезони.

Словенецот веќе беше активно вклучен во доведувањето играчи минатата година, а сега се очекува да има уште поголемо влијание.

Најимпресивниот дел од целата приказна доаѓа од самиот сопственик на клубот. Марк Волтер, кој го купи Лејкерс на крајот од минатата сезона за рекордни 10 милијарди долари, ретко комуницира директно со играчите. Сепак, тој прави голем исклучок со Дончиќ. Според „Атлетик“, Лука е во редовен контакт со него и постојано го изразува своето задоволство од начинот на кој се однесува со него и го поддржува.

Таквата поддршка би можела да биде од огромно значење за Дончиќ во моментов, бидејќи поминува низ многу тежок период во својот живот. Го чека судска разделба од Анамарија Голтер, како и сложена правна битка за старателството над двете ќерки.

ИЗДВОЕНИ