Карлос Алкарас за првпат во кариерата победи на АТП-финалето; шпанскиот тенисер вечерва во Торино го совлада Александар Зверев со 2–0 (6–2, 7–6).
Алкарас имаше три брејк-топки уште во првиот гем, но не успеа да ги искористи. Сепак, набргу потоа му го одзеде сервисот на противникот, освои три гема по ред за водство од 4–1, а потоа рутински го приведе првиот сет кон крај.
Во вториот сет, Алкарас прв направи брејк и поведе со 3–1, но Зверев успеа да возврати, му го одзеде сервисот на Шпанецот и го сврте резултатот во своја полза – 5–4.
До крајот немаше нови брејкови, па победникот се одлучуваше во тај-брејк, кој Алкарас го доби и со тоа ја освои титулата.
Ова е феноменален крај на сезоната за Алкараз, кој победи на последните три турнири на кои учествуваше (Виена, Париз и Торино).












