Поранешниот светски тениски рекет број еден Германецот, Борис Бекер, изјави дека е воодушевен од игрите на Карлос Алкарас. Шпанецот во полуфиналето на завршниот мастерс во Торино го победи Американецот Бен Шелтон со 2-1 во сетови по пресврт и два часа игра.
Борис Бекер зборуваше за Карлос во интервју за „Газета дело Спорт“:
„Бев изненаден од тоа колку добро игра по повредата што го натера да направи долга пауза. Никогаш не бил толку добар во натпреварите во затворен простор и затоа ова е неговата најдобра сезона на вакви турнири во неговата кариера, особено затоа што во Торино подлогата е најбрзата што сум ја видел“, рече Бекер.
Бекер објасни и зошто:
„Играњето во затворен простор е незгодно бидејќи топките одат брзо. Се согласувам со Карлос дека тој добро сервира, но од друга страна, се враќа многу добро и се движи фантастично, иако е малку повреден. Навистина не очекував негови високи перформанси тука“, вели Германецот.
Во Торино имаше многу нови имиња:
„Мислам дека е генерациска промена, а ова е само почеток. Веќе идентификував некои тенисери кои би можеле да дебитираат тука следната година. Јас сум голем обожавател на Лернер Тиен, верувам дека е многу блиску до првите десет. Јакуб Менсик исто така има неверојатен потенцијал и се надевам дека Жоао Фонсека целосно ќе се опорави. Верувам дека и тој ќе биде меѓу првите десет следната година“, рече Борис Бекер.












