Како гром од ведро небо одекна „бомба“ дека Лука Дончиќ, суперѕвездата на Лејкерси, нема да игра за словенечката репрезентација во квалификациите за Светското првенство ова лето. Лука ја објави веста на својот профил на Инстаграм, веднаш по елиминацијата од Оклахома.

Причината не е повреда, туку судски случај во Љубљана во кој Дончиќ ја тужи својата поранешна долгогодишна партнерка и мајка на нивните две ќерки, Анамарија Голтес, за старателство. Однесувањето на неговата поранешна партнерка и попречувањето на гледањето на неговите ќерки го доведоа Лука во ситуација каде што мора да избере помеѓу своето семејство и репрезентацијата.

Постапките во врска со режимот на привремен контакт со неговите ќерки, како и постапките во врска со старателството, одредувањето на моделот на гледање и издршката за деца (алиментација), моментално се во тек пред словенечкиот суд.

  • Лука и неговите ќерки ќе мора да останат во Словенија практично целото лето, бидејќи судот ќе ги одреди точните датуми за контакт, што значи дека Лука нема да може да патува и да игра за словенечката репрезентација во тој период, вели локален извор добро запознаен со ситуацијата.

Изворот тврди дека Анамарија намерно го одвојувала Лука од своите ќерки во последните неколку месеци.

  • Таа не ѝ дала дозвола на постарата ќерка да го види својот татко и го прекршила ветувањето да ги донесе двете ќерки во САД. Таа моментално се обидува да го ограничи контактот меѓу нејзините ќерки и Лука. Лука со месеци ги трпи последиците од едностраните одлуки донесени од мајката на децата. Иако еднострано одлучила да остане во Словенија и таму да ја роди својата помала ќерка, што им оневозможило на ќерките да имаат контакт со својот татко, објаснува изворот.

Инаку, Лука нема личен контакт со своите ќерки од почетокот на декември 2025 година до почетокот на април 2026 година. Тој вложи огромен напор да ги види ќерките, дури и двапати патуваше во Словенија за време на НБА-сезоната (еднаш во декември и еднаш во април), што е практично незамисливо за НБА-играч.

Сепак, според изворот, веќе долго време ништо не функционира во нивната врска.

  • Се сомнева дека Анамарија им дала лажни информации на лекарите дека не ѝ е дозволено да патува со авион, и на овој начин се организирала помладата ќерка да се роди во Словенија. На овој начин, таа успеала да го спречи Лука да има контакт со девојките, вели изворот и додава дека сето ова е внимателно планирано долго време за да може да се извлечат што е можно повеќе пари од Лука за поддршка.

Неговата одлука да се жртвува настапот за словенечката репрезентација за да помине што е можно повеќе време со своите ќерки покажува дека сака да биде со нив што е можно повеќе и дека сака да биде присутен во нивните животи.

На Лука многу тешко му паѓа сето ова и се надева дека наскоро сè ќе се реши, за доброто и благосостојбата на неговите ќерки.

 

ИЗДВОЕНИ