четврток, ноември 12, 2026
Дома БАЛКАН Рама со неочекувана вест од Даблин: НАТО нема да одржи самит во...

Рама со неочекувана вест од Даблин: НАТО нема да одржи самит во Тирана во 2027 година

0
Фото: EPA/BORIS PEJOVIC

НАТО нема да одржи самит во Албанија следната година, и покрај претходните планови, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.

„Работата е во тоа што сè уште нема консензус за тоа кога ќе се одржи самитот. Секако не во 2027 година. А што се однесува до 2028 година – доколку се одржи самит, тој ќе биде во Тирана“, рече Рама во Даблин, во пресрет на собирот на европските лидери, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека НАТО размислува да ја прекине практиката на одржување годишни самити – потег со кој би можеле да се избегнат потенцијално тензични средби со американскиот претседател Доналд Трамп во подоцнежната фаза од неговиот мандат.

Дипломатите сугерираат дека Алијансата сепак би можела да одлучи да организира самит во 2026 година, со краток рок за подготовка, но не во Тирана, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ