понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАГАЗИН Чудна сообраќајна несреќа во Канада: Мотоцикл летна во воздух и остана да...

Чудна сообраќајна несреќа во Канада: Мотоцикл летна во воздух и остана да виси од семафор, мотоциклистот со сериозни повреди/видео

69
Фото:принтскрин, фба, Delta Firefighters IAFF Local 1763

Жителите на едно канадско предградие останаа парлизирани од шок по чудна сообраќајна несреќа во која мотоцикл заврши да виси од семафор.

Полицијата во Делта, предградие на Ванкувер во канадската покраина Британска Колумбија, извести дека полицајците биле повикани на раскрсницата на Скот Роуд, 72-ра Авенија и 120-та улица кратко пред 15 часот во саботата, по пријава за судир помеѓу автомобил и мотоцикл, пренесе  „Пипл“.

„Поради силата на судирот, мотоциклот останал да виси од сообраќајната сигнализација над раскрсницата“, објавија пожарникарите од Делта во соопштение на Фејсбук. Тие додадоа дека нивните тимови помогнале во пружањето помош на повреденото лице, обезбедувањето на местото на несреќата и подоцна безбедно отстранување на мотоциклот од семафорот.

Полицијата соопшти дека мотоциклистот претрпел сериозни повреди кои не биле опасни по живот, додека возачот на сребрениот автомобил не бил повреден. Фотографиите објавени од пожарникарите го покажуваат мотоциклот како виси за предното тркало од столб за сообраќајна сигнализација по судирот.

Сведоци изјавија за „Си-би-си“ дека сцената ги шокирала. Еден од минувачите, Вилијам Чен, рекол дека наишол на несреќата додека се движел кон блиската продавница за крофни. „Никогаш не сум видел нешто слично, беше како да гледам филм“, рекол тој.

Тој рекол дека прво го видел сребрениот автомобил, а потоа почнал да го бара мотоциклот. „Погледнав надолу, а потоа погледнав нагоре и мотоциклот беше таму горе. Беше прилично лудо“, рекол тој. Додал дека останал во близина и гледал како властите го отстрануваат мотоциклот од семафорот.

 

 

ИЗДВОЕНИ