EPA/PETER POWELL .

Во пресрет на големата награда на Унгарија, возачот на Формула 1, Луис Хамилтон (41), откри претходно непознати детали од своето детство. Досега беше познат само како спортист, секогаш присутен во светската елита, но ова е другата страна на медалот, онаа за која многу обожаватели, вклучително и оние на Формула 1, не знаеја.

Не знам точно зошто отсекогаш ми одговарала оваа патека толку многу. Тоа е патека што бара доцно сопирање и многу комбинирано сопирање кон кривините. На патеката се чувствувате како да возите картинг, само во автомобил на Формула 1, тоа се претежно кривини со средна и со мала брзина. Мислам дека колку повеќе ви се допаѓа патеката толку сте подобри на неа – почна Хамилтон.

Кога се зборува за Хамилтон, долговечноста е, веројатно, темата за која најмногу се зборува. Сепак, се чини дека успехот не дошол случајно, туку по трнлив пат, обликуван од разни, понекогаш непријатни животни ситуации. Како дете, тренирал карате, а потоа на прес-конференција, донекаде неочекувано, откри претходно непознати детали.

Каратето беше навистина важен дел од мојот живот, место каде што научив дисциплина. Да не беше тоа, веројатно, ќе се загубев, со оглед на околината во која пораснав – откри тој.

Потребата од дисциплина не била единствената добра работа кај каратето. Хамилтон пронашол сила и откри една многу интимна страна од своето детство.

Почнав да тренирам карате на шестгодишна возраст затоа што бев жртва на злоупотреба од врсници. Таа злоупотреба траеше многу, многу долго време, во текот на основното и на средното училиште – рече Британецот.

тој, исто така, објасни и дека токму каратето му помогнало да стекне самодоверба, но и да „преживее“ тежок период од растењето.

Детството и бруталните професионални спортови повторно се споија, овој пат на почетокот од неговата кариера.

Кога стигнав на патеката, се случи истото. И таму имаше насилници. Каратето ми помогна да се разберам себеси, да ја разберам моќта што ја имав и како да ја искористам за добро – рече тој.

ИЗДВОЕНИ