сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Лишен од слобода измамник од Дојран – оштетил повозрасна кавадарчанка за сума...

Лишен од слобода измамник од Дојран – оштетил повозрасна кавадарчанка за сума од 300.000 денари

51

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го привеле А.Т.(45) од Дојран, кој се сомничи дека учествувал во извршување на кривично дело „измама“, при што била оштетена 81-годишна кавадарчанка за сума од 300.000 денари.

На 06.03.2026 во 09:35 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Т.(45) од Дојран. Тој се сомничи дека учествувал во извршување на кривично дело „измама“, при што била оштетена 81-годишна кавадарчанка за сума од 300.000 денари, информира МВР.

Имено, на 05.03.2026, 81-годишната кавадарчанка пријавила дека едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена.

Во службен разговор, А.Т. го признал делото и з настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ