Британскиот премиер Кир Стармер утре ќе ги угости лидерите на Украина, Франција и Германија на Даунинг стрит во Лондон на разговори за поддршка на Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски доаѓа во Велика Британија со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, објави британскиот „Гардијан“.
Нивната средба доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин го отфрли предлогот на Зеленски за директни разговори за завршување на војната, велејќи дека таков состанок „нема цел“.
Украински напад со беспилотни летала се случи денес врз вториот по големина град во Русија, Санкт Петербург.
Едно лице е убиено, а тројца се повредени синоќа во областа на Дњепропетровск кога руските сили нападнаа три области со беспилотни летала и артилерија, изјави шефот на регионот, Олександр Канџа, пренесува „Бета“.












