Мисијата „Артемис II“ на НАСА започна денеска 35 минути по полноќ. Според планот, тие ќе стигнат до Месечината за околу шест дена и ќе орбитираат околу Земјиниот сателит, но што прави екипажот во моментов?
„Екипажот на „Артемис II“, во соработка со контролата на мисијата во Хјустон, успеа да го поправи тоалетот во вселенското летало „Орион“. Пред да се запали моторот за да се достигне највисоката орбита, екипажот пријави дека се вклучило светлото за грешка, па податоците беа анализирани и проблемот беше решен“, наведе НАСА на својата веб-страница.
The hatch is now closed.
The Artemis II astronauts are now strapped into their seats and ready for launch. pic.twitter.com/NWSjgklep9
— NASA (@NASA) April 1, 2026
„Екипажот сега спие четири часа и ќе биде разбуден во 7 часот наутро по источно време (13 часот по централноевропско време) за да се подготви за палење на моторот. Ова ќе ја обликува почетната орбита и ќе го подготви вселенското летало за подоцнежни транслунарни операции. После тоа, екипажот ќе продолжи да спие до 9:40 часот наутро (14:40 часот)“, додаде НАСА.
Мисијата „Артемис II“ е првиот лет со човечки екипаж до орбитата на Месечината по повеќе од половина век и мисијата „Аполо 17“ во декември 1972 година.












