понеделник, ноември 23, 2026
Дома СКОПСКА „Ленинова“ го менува ликот

„Ленинова“ го менува ликот

1

Општина Центар го асфалтираше и последниот дел од улицата „Ленинова“, на потегот од „Илинденска“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Паралелно се уредуваат пешачките површини, рабниците и зеленилото, со што се привршува целосната реконструкција на улицата – информираат општинските власти.

Исто така, тие додаваат дека во изминатите три дена биле засадени 16 нови липи, а хортикултурното уредување продолжува со садење украсни грмушки по должината на целиот потег.

– Се работи за комплексен зафат, реконструкција на ,,Ленинова“. Со обновено осветлување, нови пешачки зони и коловоз, санирање на кружниот тек на крстосницата со „Орце Николов“ и ново зеленило, „Ленинова“ го менува ликот, но уште поважно, станува побезбедна за сите што ја користат: пешаци, велосипедисти и возачи. Ова е улица со која центарци ќе се гордеат – рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

ИЗДВОЕНИ