понеделник, ноември 23, 2026
Дома СВЕТ Зеленски потврди: Украина е одговорна за нападот на рускиот брод во ЛибијаЗеленски...

Зеленски потврди: Украина е одговорна за нападот на рускиот брод во ЛибијаЗеленски потврди: Украина е одговорна за нападот на рускиот брод во Либија

0

Украина е одговорна за нападот врз рускиот воен брод покрај брегот на Либија, потврди украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

– Нашите војници користеа седум поморски дрона од украинско производство. И покрај сите обиди на непријателот да се спротивстави, руската корвета „Меркјури“, еден од нивните најнови бродови што беа ставени во употреба во 2023 година, беше потоната – напиша Зеленски во објава на „Телеграм“.

Во соопштението во кое им се заблагодари на украинските сили, тој додаде дека е уништен борбениот хеликоптер „ка-27“.

– Нашата втора цел беше рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој непријателот го користеше за транспорт на оружје. Резултат: беше погоден – додаде Зеленски, посочувајќи дека продолжува Украина со операциите и со развојот на украинско оружје.

Либиските власти во понеделникот објавија дека изутрината се слушнала експлозија во поморската база во Бенгази, на истокот од Либија и дека е тешко оштетена руска корвета. Без да кажат што превезувал бродот, тие објавија дека се закотвил во пристаништето за да наполни гориво и за да преземе други резерви, како дел од договорот за соработка меѓу Русија и властите во источна Либија.

ИЗДВОЕНИ