понеделник, ноември 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Затворски полицаец од Струмица срам за униформата: продавал дрога и присвоил паричник...

Затворски полицаец од Струмица срам за униформата: продавал дрога и присвоил паричник од кражба

0
СВР Струмица, до Основно јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Р.С.(50) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
-На 21.11.2026 во близина на Затвор Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Р.С.. Тој, на работното место како затворски полицаец, пред затворот во Струмица се обидел да изврши продажба на кокаин на друго лице, при што кај него биле пронајдени три пакувања со кокаин. Од дополнително преземените мерки, извршените претреси во домот на пријавениот и во службени простории кои ги користи тој во затворот биле пронајдени повеќе пакувања со кокаин, пакување со марихуана и дигитална вага, соопшти MВР
Исто така, од извршениот претрес во службен ормар, кој го користел пријавениот, биле пронајдени и куршуми за пиштол чија количина била поголема од онаа која ја имал задолжено како затворски полицаец. Воедно, при претресот бил пронајден и паричник, кој потекнува од кражба пријавена на 21.11.2026 година.
За сите преземени мерки бил известен јавен обвинител, а Р.С. бил задржан во Полициската станица Струмица. По поднесување на кривичната пријава тој бил изведен пред надлежен судија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена

ИЗДВОЕНИ