По девет победи во низа, екипата на Лос Анџелес Лејкерс е запрена во Детроит, каде што Пистонс славеше со 113:110. Домашниот тим одигра сигурен натпревар и во клучните моменти знаеше како да ја зачува предноста. Херој на Пистонс беше Џенкинс со 30 поени, кој блесна во отсуство на повредениот Канингем. Кај Лејкерс, Лука Дончиќ постигна 32 поени, Остин Ривс додаде 24, а Леброн Џејмс беше блиску до трипл-дабл со 12 поени, 10 асистенции и девет скока.
Во драматичниот финиш, Лејкерс накратко поведе, но Џенкинс со клучен кош и сигурни слободни фрлања ја потврди победата на Детроит. Во последниот напад, Дончиќ промаши тежок шут за продолжение.
Резултати: Детроит – ЛА Лејкерс 113:110, Мајами – Сан Антонио 111:136, Орландо – Индијана 126:128, Филаделфија – Оклахома 103:123, Атланта – Мемфис 146:107, Чикаго – Хјустон 132:124, Јута – Торонто 127:143, Далас – Голден стејт 131:137, Портланд – Бруклин 134:99, ЛА Клиперс – Милвоки 129:96.











