Полицијата во Хрватска се огласи по повод заканите со бомби, а двајца малолетници се осомничени за кривично дело упатување терористички закани поради испраќање заканувачки електронски пораки за наводно поставени експлозивни направи.
Како што објави хрватското Министерство за внатрешни работи, кривична постапка се води и против уште еден осомничен, возрасен. Истрагата за малолетниците ја спроведе Службата за борба против тероризмот при Полициската управа, во соработка со кантонските обвинителства во Загреб и Сплит.
Постои основано сомнение дека на 23 и 24 април 2026 година, со намера да внесе страв кај населението во Сплитско-далматинската жупанија, малолетникот испратил заканувачки е-пораки до полициски станици, училишта и медиуми, кои содржеле заканувачка содржина за употреба на експлозиви и со тоа загрозување на животите на други луѓе, соопшти ДОРХ.
Поради ваквите пораки, полицијата извршила инспекции во институциите на кои се однесувале пораките со цел да ги заштити граѓаните, особено децата и младите. Настанот предизвикал јавна загриженост. Државното обвинителство предложило изрекување мерка притвор поради ризик од рецидивизам, но истражниот судија изрекол поблага мерка, односно надзор од страна на Хрватскиот завод за социјална работа. Обвинителството ќе поднесе жалба на оваа одлука.
Инаку, претходно беше уапсен уште еден малолетник за слични закани кон училиштата во Загреб, а судот му одреди притвор поради ризик од влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело.












