недела, ноември 1, 2026
Дома БАЛКАН Зимската идила во регионот: Планините во БиХ завиени во бело преку ноќ/видео

Зимската идила во регионот: Планините во БиХ завиени во бело преку ноќ/видео

73
Фото:принтскрин „Инстаграм“, видео

Планините низ Босна и Херцеговина осамнаа покриени со снег – од Хан Пијесак, каде што се измерени 12 сантиметри, па сè до Челебиќи, Јахорина, Бјелашница, Игман и Влашиќ.

Првиот снег почна да паѓа синоќа на Јахорина и Равна Романија, пренесува „Срна“. Снимките од областа на Романија покажуваат значителна количина на снег, при што веќе се формира бела снежна покривка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jahorina info ® (@jahorina_info)

По ден со слаб дожд, почна да паѓа ситен снег откако температурите се спуштија околу 17:30 часот.

Од РХМЗ наведуваат дека денес во Република Српска и Федерацијата БиХ ќе биде облачно и постудено, со пообилни врнежи од дожд и повремен ветер – поради што чувството на студ ќе биде уште поизразено. Во ридско-планинските предели се очекуваат суснежица и снег, што ќе доведе до формирање на снежна покривка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jahorina info ® (@jahorina_info)

ИЗДВОЕНИ