Тамир Блат би можел да го напушти Хапоел Тел Авив уште пред да одигра официјален натпревар за него. Израелскиот репрезентативец ова лето потпиша тригодишен договор вреден околу 4,5 милиони долари, но тренерот Димитрис Итудис наводно не смета на него во своите планови.
Според „Вајнет“, не се очекува тој да ги почне подготовките во Софија, поради што Хапоел веќе бара решение за неговата иднина. Најреална опција во моментов е позајмување во друг евролигаш, иако повеќето клубови веќе ги комплетираа ростерите.
Блат пристигна од Макаби, каде што стекна големо искуство во Евролигата. Минатата сезона, на елитното натпреварување, просечно постигнуваше по 6,8 поени и 4,6 асистенции на натпревар, со 36,5 проценти успешност за три поени.
Сега останува да се види дали ќе добие шанса да го облече дресот на Хапоел или ќе ја продолжи кариерата во друг клуб.











