недела, октомври 4, 2026
Дома СВЕТ Телата на исчезнати планинари пронајдени на Алпите по 34 години

Телата на исчезнати планинари пронајдени на Алпите по 34 години

4845

Телата на двајца белгиски алпинисти кои исчезнаа во Швајцарските Алпи пред 34 години се пронајдени откако ги ослободи топењето на глечерот Трифт, соопшти денес швајцарската полиција.

Алпинист пријавил дека пронашол две тела на глечер во јужна Швајцарија, во близина на италијанската граница, на 26 јули, соопшти регионалната полиција на кантонот Вале.

Телата се однесени во Институтот за судска медицина во болницата Вале во Сион за идентификација, објави Swissinfo.

„Со директна споредба на ДНК профилите официјално се идентификувани двајцата планинари кои исчезнаа во областа Вајсмис во 1992 година“, се вели во соопштението.

Двајцата Белгијци имале 39 и 41 година кога исчезнале.

ИЗДВОЕНИ