Несекојдневна ситуација се случи во англискиот фудбал откако тимот на Блекпул одлучи да го отпушти својот менаџер, Ијан Еват, токму на неговиот роденден. Она што ја прави приказната уште побизарна е фактот што клубот само неколку часа претходно му испрати роденденска честитка преку социјалните мрежи.
Околу 10:00 часот, Блекпул му посака среќен роденден на Еват и му порача да ужива во својот посебен ден. Но, само седум часа подоцна, објави официјално соопштение во кое потврди дека е завршена соработката со него.
A story of two posts 😬
Blackpool have sacked head coach Ian Evatt on his 45th birthday. https://t.co/n7LqDZH1xr
— Match of the Day (@BBCMOTD) November 19, 2026
Причина за ваквата одлука се слабите резултати. Блекпул во моментов се наоѓа веднаш над зоната за испаѓање во Третата англиска лига, со само 12 освоени бода од 13 натпревари, на кои забележа три победи, три нерешени средби и седум порази.
Од клубот му се заблагодарија на Еват за придонесот во изминатите шест години, во кои имаше повеќе од 250 настапи како играч и важна улога во подоцнежниот тренерски период.











