Тимот на Реал Мадрид продолжува да го гради тимот за иднината и по продолжувањето на договорот со Арда Ѓулер, сега обезбеди уште еден важен потпис. Францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени ја продолжи соработката со „кралскиот клуб“ до летото 2032 година.
Дваесет и шестгодишниот играч за врска пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Монако, во 2022 година и во меѓувреме се промовираше во еден од клучните фудбалери на тимот. Досега има забележано 205 настапи, седум гола и девет асистенции во дресот на мадриѓаните.
Во досегашниот престој во шпанската престолнина, тој освои и неколку значајни трофеи, меѓу кои Лигата на шампионите, шпанското првенство и Купот на кралот. Со новиот договор, Реал јасно покажува дека Французинот е еден од столбовите на проектот за следните години.
✍️🤍👏 https://t.co/niHOmd8rwx
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) November 19, 2026











