Лионел Меси и натаму е најплатен фудбалер во МЛС-лигата, а веднаш зад него се најде Роберт Левандовски, кој пристигна ова лето во Соединетите Американски Држави. Новиот извештај на Здружението на играчи во МЛС открива дека Аргентинецот има основна годишна плата од 25 милиони долари, додека вкупните гарантирани примања му достигнуваат 28,33 милиони долари.
На Левандовски, кој го засили Чикаго фајер, основната плата му е 16 милиони долари, односно вкупно 19,51 милион долари. На третото место е Антоан Гризман од Орландо, со гарантирани 13,93 милиони долари, а следуваат Сон Хеунг Мин од Лос Анџелес и Брил Емболо од Атланта.
Интересно е што вкупните примања на Меси се поголеми од целиот буџет за плати на дури 25 од 30. клуба во лигата. Вкупниот фонд за плати во МЛС достигна 724,5 милиони долари, што претставува раст од 14,8 проценти во однос на претходниот извештај. Просечната гарантирана заработка на фудбалерите, пак, изнесува 746.936 долари.











