петок, јуни 12, 2026
Дома БАЛКАН Крвава пресметка во Албанија: Убиен брачен пар, родители на четири деца

Крвава пресметка во Албанија: Убиен брачен пар, родители на четири деца

2940
Фото: screenshot video ABC News Albania

Градот Лежа во Албанија, сместен во близина на устието на реката Дрим во Јадранското Море, денес беше потресен од невиден злосторство во кое беа убиени Крешник Мујеци (39) и неговата сопруга Ѓентјана (32), родители на четири деца.

Сторителите се во бегство и полицијата трага по нив, објавија албанските медиуми. Повеќе од 30 куршуми беа испукани од заседа кон автомобилот во кој патувал парот. Злосторството се случило денеска околу 14:50 часот, на излезот од селото Балдрен.

„Како резултат на пукањето, двајцата ги загубија животите на лице место. По добивањето на информацијата, полициските служби веднаш излегоа на терен и продолжуваат со потрагата во областа за лоцирање и апсење на сторителите“, изјави началникот на локалната полиција, Арбен Насуфи.

Крешник Мујеци ѝ бил познат на полицијата, бидејќи бил уапсен во 2017 година заедно со неговиот брат Лин Мујеци, под сомнение дека се сторители на убиството на Генц Мхилај, кој бил ликвидиран во 2016 година.

Во моментов, според полицијата, истражниот тим продолжува да работи на идентификување и фаќање на сторителите, како и на целосно расветлување на околностите и мотивите на ова кривично дело.

Според неофицијални информации, се сомнева дека мотивот за ова кривично дело е крвна одмазда.

ИЗДВОЕНИ