Сојузниците на претседателот на Палестинската управа Махмуд Абас ги освоија мнозинство места на општинските избори на палестинските територии, соопштија денеска тамошните власти.
Тоа беа првите избори одржани во Газа од 2026 година, кога движењето „Хамас“ ја победи партијата на Абас, „Фатах“ на парламентарните избори. Таа победа предизвика кратка граѓанска војна, од која палестинското движење излезе како победник и ја презеде контролата над палестинската енлава.
Палестинската управа, која ја предводи Абас, соопшти во јануари дека ќе се обиде да ги одржи тие избори „секаде каде што е можно“. Таа иницијтива се смета за симболичен гест кој има за цел да покаже дека Појасот Газа мора да биде составен дел од идната палестинска држава.
„И покрај ниската излезност на гласачите, 23 отсто на Западниот брег и 56 отсто во Деир ал-Балах во Појасот Газа, изборите се одржаа во многу чувстителен момент во контекст на обележано сложените предизвици и исклучителните околности“, изјави палестинскиот премиер Мохамед Мустафа при објавувањето на резултатите.
„Хамас“ немаше список на кандидати и не поддржа експлицитно ниту еден кандидат, тврдејќи дека декретот на Палестинската држава бара од кандидатите да ја признаат државата Израел.
Листата, кој вклучува неколку личности кои ги симпатизира „Хамас“, според зборовите на населението и на набљудувачите, освои само две од 15 места.
Листата, „Надат Деир ал Балах“, која ја поддржа партијата „Фатах“ на палестинскиот претседател, освои 6 места, додека остатокот им припадна на другите групи од Газа.
На Западниот брег, сојузниците на Мохамед Абас победија на изборите, и покрај жестоката конкуренција.
Портпалолот на „Хамас“ Хазем Касен го намали значењето на резултатите, наведувајќи дека тие немаат никакво значење на национално ниво, пренесе „Бета“.












