Шеснаесетгодишна тинејџерка од Северна Каролина е обвинета за тројно убиство откако нејзините родители и баба биле пронајдени мртви во нивниот дом со прострелни рани, соопшти полицијата.
Според американските медиуми, злосторството е откриено на 7 мај во Фервју, кога полицајците при претрес ги пронашле телата на 41-годишниот Травис Грант, неговата сопруга Кимберли Грант (42) и 66-годишната Шерон Грант.
Нивната ќерка Стар Грант (16) не била дома, што предизвикало итна потрега. Таа била пронајдена еден ден подоцна во хотел во Тенеси заедно со 28-годишниот Деван Лавинг. Двајцата се уапсени и обвинети за тројно убиство и заговор за убиство. На девојката ќе ѝ се суди како на возрасна личност.
Полицијата соопшти дека телата на членовите на семејството веројатно биле во домот со денови пред да бидат пронајдени, додека мотивот за злосторството засега е непознат.












