петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кривичен му одреди 30 дневен притвор на Анакиев, директорот на Државниот инспекторат...

Кривичен му одреди 30 дневен притвор на Анакиев, директорот на Државниот инспекторат за земјоделие приведен за поткуп

227

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на приведениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој вчера беше фатен, а денеска и формално лишен од слобода и осомничен за примање мито, потврдија од Кривичен, објави МРТ.

Го фатиле со обележани пари, кога од бараните 100 илјади евра од увозник, преку шпедитер – посредник земал половина од сумата за да овозможи влез на стока, за која, како што велат од Обвинителството, вршел притисок врз службеници да не биде пропуштена и да стои на граница.

Притворот на директорот Васе Анакиев, кој е осомничен за примање поткуп, му е определен по сите три основи, односно опасност од бегство, можност од влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото.
>
Мерката е определена на предлог на Основното јавно обвининителството за гонење на организиран криминал и корупција  кое денеска отвори истражна постапка против државниот службеник, информира МРТ.

ИЗДВОЕНИ