Беа неразделни ! На 16 октомври, за неколку дена, ќе се навршат 19 години, речиси две децении, од трагичната смрт на никогаш прежалениот пејач, Тоше Проески. Иако живееше кратко, зад себе остави куп слушани песни, еден тон спомени и многу исплакани солзи. Исто така, пред точно 19 години, Тоше Проески за последен пат запеа на големиот концерт во Скопје. На тогашниот Градски стадион, исполнет до последното место, кој денес го носи неговото име – Национална арена „Тоше Проески“. Со посебни емоции на Тоше секогаш се сеќава неговиот внук, Кристијан Ристески. Тој е син на сестрата и зетот на Тоше. А, и самиот Тоше неописливо многу го сакаше Кристијан, дури и снимија заедничка песна додека Кристијан или Кико, како што нагалено го ословуваат, имаше одвај пет-шест години. Кики одеше со Тоше на многу негови настапи, дури и на турнеи. Беа неразделни.
Годините поминаа, Кристијан израсна во прекрасно момче, за кое се интересираат многу, исто така, згодни девојки. Според сликата од летувањето на Јадранско Море, се гледа како изгледа денес. Сите се согласни дека е убаво момче Македонче! Вљубен е во музиката, во аудиовизуелна уметност, а најмногу ужива во рокенролот. Веќе има и искуство во работата во музика, соработувал со повеќе познати продуценти. Останува да видиме дали Кико и сосема професионално ќе ѝ се посвети на музиката или сè ќе остане во досегашните рамки. (Д. М.)












