Рускиот претседател Владимир Путин не ја прифаќа можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на Г20 во Мајами, соопшти Кремљ. Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека средба во Мајами е „невозможна“, но додаде дека Путин е подготвен да разговара со Зеленски во Москва.
Зеленски претходно изјави дека е подготвен да присуствува на самитот и да се сретне со Путин доколку рускиот претседател биде таму. Според него, најважно е разговорите да донесат конкретни резултати.
Самитот на Г20 е закажан за 14 и 15 декември 2026 година, но Кремљ сè уште нема потврдено дали Путин ќе присуствува.
Двајцата лидери последен пат се сретнаа во Париз во декември 2019 година, во рамки на разговорите на „нормандискиот формат“.












