Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во среда, пак, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност.
Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени.












