вторник, јуни 16, 2026
Дома МАГАЗИН Кралот Чарлс и Трамп разменија подароци – од вредни историски документи до...

Кралот Чарлс и Трамп разменија подароци – од вредни историски документи до мед од Белата Куќа: Кралицата Камила ѝ подари на Меланија вреден подарок

189
Фото: EPA/WILL OLIVER

За време на нивната посета на Вашингтон, кралот Чарлс Трети и кралицата Камила разменија подароци со Трамп и Меланија.

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила разменија подароци со американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга, првата дама Меланија Трамп, денес за време на посетата на Вашингтон, вклучувајќи историски документи, но и мед од Белата куќа.

Кралот Чарлс Трети му подари на Трамп врамен факсимил од плановите за дизајн на претседателското биро од 1879 година, кое е направено од дрво од британскиот брод „Resolute“ и се наоѓа во Овалната соба, објавува „Би-би-си“.

За возврат, Трамп му дал на кралот копија од писмото што Џон Адамс, првиот американски амбасадор во Велика Британија, му го напишал на тогашниот државен секретар на САД, Џон Џеј, во 1785 година, во кое Адамс опишува како кралот Џорџ Трети топло го пречекал во палатата „Сент Џејмс“.

Кралицата Камила ѝ подарила на првата дама Меланија Трамп брош од британската дизајнерка на накит Фиона Реј, која ги комбинира традиционалните занаети со компјутерски потпомогнат дизајн.

Првата дама на САД, пак, ѝ подарила на кралицата шест сребрени лажички со величина „кралски стерлинг“ дизајнирани од американскиот јувелир Тифани и тегла мед од новопоставената кошница за пчели во Белата куќа.

ИЗДВОЕНИ