вторник, август 25, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Крај за Ѓоковиќ и Сабаленка на Отвореното првенство на САД

Крај за Ѓоковиќ и Сабаленка на Отвореното првенство на САД

60
EPA/JOEL CARRETT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка не успеаја да ја поминат првата пречка во мешани двојки на Отвореното првенство на САД. Подобри од првите носители беа Хенри Патен и Катерина Сињакова, кои славеа со 1:4, 4:2, 10:2 по 48 минути игра.

Ѓоковиќ и Сабаленка го отворија натпреварот одлично, играјќи безбедно на сервис и создавајќи голема разлика пред своите противнички. По три сигурни сервис гема, тие го скршија сервисот на Сињакова во четвртиот гем, откако губеа со 0:40. Го добија првиот сет со резултат 4:1.

Во вториот сет, сè изгледаше добро за првите носители. Ѓоковиќ и Сабаленка направија „брејк“ во третиот гем и поведоа со 2:1, но Патен и Сињакова веднаш возвратија.

Сињакова повторно направи „брејк“ на сервисот на Ѓоковиќ во шестиот гем, по брилијантен бекхенд удар на паралелата, а Патен и Чешката тенисерка го добија сетот со 4:2 и го заработија одлучувачкиот тај-брејк.

Во решавачкиот дел од натпреварот, специјалистите за двојки целосно ја презедоа контролата. Тие ги освоија сите шест поени на свој сервис и направија четири мини-брејкови.

Патен и Сињакова поведоа со големо водство од 9:2, по што чешката тенисерка ја искористи првата меч-топка со ас и ги испрати Ѓоковиќ и Сабаленка дома.

ИЗДВОЕНИ