четврток, ноември 26, 2026
Дома БАЛКАН Не личи на Чупиќ во денешно издание: Стара снимка го открива во...

Не личи на Чупиќ во денешно издание: Стара снимка го открива во сосема поинакво издание – со микрофон и рок-хит!/ВИДЕО

0
EPA/MARKO DJOKOVIC

Александар Чупиќ денеска напладне ги најави претседателските избори во Србија, а додека вниманието на јавноста е насочено кон неговите политички потези, на социјалните мрежи кружи видео од претседателот на Народното собрание како држи микрофон – но од сосема поинаква причина.

Кратка коса, без долгата брада по која е препознатлив денес, бенд што свири во живо и добро познатите звуци на југословенскиот рок.

На видеото, кое очигледно е направено за време на некоја прослава или забава, Чупиќ го зел микрофонот и ја испеал „Чудна шума“, култната песна на југословенската група.

Интересно е да се види Чупиќ во издание од времето пред да стане едно од најпрепознатливите лица на студентското движење во Србија. Оние што го знаат исклучиво од протести, телевизиски гостувања, а во поново време и од пратеничките клупи, можеби на прв поглед и не би го препознале.

Засега не е познато кога и каде е направена снимката.

Дека пеењето не му е непознато, Чупиќ покажа неодамна, за време на гостувањето во емисијата „Да сам ја неко“, кога испеа песна од легендарната сараевска група „Индекси“.

ИЗДВОЕНИ