Француската служба за јавно здравје објави дека земјата регистрирала околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното за време на топлотниот бран од 24 јуни.
Метеор-Франс објави дека се очекува највисоките предупредувања за високи температури да бидат укинати низ целата земја во 22:00 часот вечерва, благодарение на влегувањето на постуден воздух од запад и северозапад, објави телевизијата BFM.
Неколку региони во Франција беа погодени од бури во текот на вечерта и ноќта во саботата, во кои беа регистрирани повеќе од 127.000 удари на гром, според податоците од опсерваторијата Кераунос, при што ударите на гром беа особено интензивни во регионите од Ил де Франс до Гор де Франс.
Падот на температурите во неколку региони беше проследен со силни грмотевици со „многу силни налети на ветер“, „изразена електрична активност“ и „среден до голем град“.
Според метеоролошките служби, во Франција во текот на денот во саботата беа поставени или израмнети 202 температурни рекорди, при што температурите достигнаа екстремни вредности на некои места, вклучувајќи 43,2 степени Целзиусови во департманот Мез.












