Статистиката покажува дека секоја година, поради хронична изложеност на аерозагадувањето, прерано умираат по неколку илјади наши сограѓани. Во црната статистика влегуваат и починатите од ковид-19, кој од 2020 година, па сè досега одзел околу 10 илјади животи. Според Ели Пешева од „О2 Иницијатива“, статистиката покажува дека земјава е на врвот во Европа по бројот на починати поради изложеност на ПМ 2,5 честичките, статистиката вели дека 303 лица на 100 илјади жители се во ризик. – Според Европската агенција за животна средина, во 2022 година, поради хронична изложеност на аерозагадувањето, прерано починале 3.600 наши сограѓани, што е 16 проценти од вкупниот број починати во годината. Во Скопје, годишно умираат 1.200 луѓе како резултат на загадениот воздух, а УНИЦЕФ проценува дека 11,6 проценти од смртните случаи кај новороденчињата под една година се од аерозагадувањето – изјави Пешева.
За споредба, таа посочи дека вкупниот број починати од ковид-19 во земјава, од 2020 до мај 2025 година, е 9.976 лица, што покажува дека бројот на починати од аерозагадувањето е далеку поголем
Ковидот и аерозагадувањето косат во Македонија. Статистиката покажува дека секоја година поради хронична изложеност на аерозагадувањето, прерано умираат по неколку илјади наши сограѓани. Во црната статистика влегуваат и починатите од ковид-19, кој од 2020 година, па сè досега одзел околу 10.000 животи.
Ова беше истакнато на надзорната расправа на собраниската Комисија за здравство, на која се дебатираше за ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови и за мерките што се преземаат за заштита на луѓето. Според Ели Пешева од „О2 Иницијатива“, статистиката покажува дека земјава е на врвот во Европа по бројот на починати поради изложеност на ПМ 2,5 честичките, статистиката вели дека 303 лица на 100 илјади жители се во ризик.
– Според Европската агенција за животна средина, во 2022 година, поради хронична изложеност на аерозагадувањето, прерано починале 3. 600 наши сограѓани, што е 16 проценти од вкупниот број починати во годината. Во Скопје, годишно умираат 1.200 луѓе како резултат на загадениот воздух, а УНИЦЕФ проценува дека 11,6 проценти од смртните случаи кај новороденчињата под една година се од аерозагадувањето – изјави Пешева.
За споредба, таа посочи дека вкупниот број починати од ковид-19 во земјава, од 2020 до мај 2025 година, е 9.976 лица, што покажува дека бројот на починати од аерозагадувањето е далеку поголем.
Пешева наведе дека економската штета од аерозагадувањето изнесува меѓу 600 милиони до една милијарда евра годишно, додека директните здравствени трошоци се проценети на 253 милиони евра годишно. Според Светска банка од 2023 година, загубата е некаде околу 17,5 проценти од БДП.
Таа додаде дека според нашите мерни станици, ако го исклучиме Лазарополе, добар воздух има најмногу еден и пол месец во годинатам и тоа само во Кочани и во Миладиновци, околу половина месец во Охрид и на периферијата од Битола. На другите мерни места, пак, има само меѓу два и девет дена во годината. Според новите гранични вредности на ЕУ, доволно добар воздух има само половина месец, и тоа во зависност од мерните станици, и четири месеци во годината, зависно од мерното место.
– Ова покажува дека сите извори на аерозагадување треба да бидат сведени на минимум. Недостигаат соодветни и континуирани мерки низ годините. Загубивме скапоцено време поради преклопувањето и недоволно јасните ингеренции на институциите – нагласи Пешева.
Бојана Станојевска-Пецуровска од Центарот за климатски промени смета дека е неопходно воспоставување координативно тело што ќе ја координира работата на сите институции и ќе го следи спроведувањето на мерките за намалување на аерозагадувањето.
– Сите анализи покажуваат дека за да се справиме со аерозагадувањето, не можеме само да целиме кон еден извор, туку мораме да работиме паралелно на сите извори. За сите извори се одговорни различни чинители, некаде индустријата, што значи насочување и контрола врз работата на индустријата; некаде транспортот, што значи дека треба да обезбедиме јавен транспорт, но најважно од сè е фокусирањето да обезбедиме алтернативни начини на греење на домаќинствата и на јавните објекти – цени Станојевска-Пецуровска.
Надзорната расправа ќе трае пет дена, до 26 мај и на неа се поканети претставници од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации да учествуваат и дадат искази и одговори на членовите на Комисијата и на другите пратеници.
Ова ќе биде втора надзорна расправа за аерозагадувањето откако на 25 февруари годинава се одржа надзорна расправа организирана од Левица и од СДСМ во Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која не беше поддржана од владејачкото мнозинство.