По синоќешниот спектакуларен солистички настап на мегапопуларниот македонски поп-пејач! Не само што одлично пее туку Јоце со текот на времето научи и одлично да комуницира со публиката, па на моменти звучеше мошне духовито. Особено кога дојде на сцената неговиот шестгодишен син Лука, кој со талент за пеење, без ниту една грешка, онака мило, на свој детски начин, испеа една песна на португалски јазик. Татко му блескаше од среќа!
Тоа е таа целосна љубов што нежно и впечатливо струеше три часа на завчерашниот солистички концерт на македонската поп-ѕвезда Јоце Панов. Во преполната сала на Македонската филхармонија, штипјанецот со скопска адреса на живеење само го потврди успехот со кој ја започна својата концертна традиција, од минатата година, со првиот ваков музички настан.
Сето тоа што го ветуваше, Јоце го исполни. Целосно пеење во живо, со голем професионален оркестар. Започна со својот мегахит „Ни Љ од љубовта“, со кој, за жал, пред неколку години не успеа да се избори да оди на Песна на Евровизија, како претставник на Македонија. За утеха, оваа песна остана најмногу да се слуша од сите други што конкурираа тогаш за натпреварот во Виена. Пејачот беше феноменално облечен, мислиш секој момент треба да започне италијанскиот фестивал „Санремо“, но тоа беше концерт на наша, македонска ѕвезда. Така треба кога се настапува во Македонската филхармонија, а притоа и кога си звучно и непрепотентно пејачко име. Не само што одлично пее туку Јоце со текот на времето научи и одлично да комуницира со публиката, па на моменти звучеше мошне духовито.
Особено кога дојде на сцената неговиот шестгодишен син Лука, кој со талентот за пеење, без ниту една грешка, онака мило, на свој детски начин, испеа една песна на португалски јазик. Татко му блескаше од среќа. Публиката, во која имаше многу познати личности, остана без зборови. Долгиот аплауз кажуваше сам за себе.
Меѓутоа, на концерт имаше и тажни моменти. Јоце кратко прозборува за трагедијата во Кочани, во која животот го загуби и Сара Пројковска, една од оние што му беа придружни вокали на минатогодишниот концерт, за Денот на жените. Пејачот со мошне нежни зборови се сети на тој црн настан, а во еден момент се забележаа солзи на неговото лице.
Добро е познато дека Панов паралелно ја гради и својата пејачка кариера во Србија. Поради тоа, голем број од неговите песни се снимени на српски јазик. Таму има постигнато забележителни успеси и мошне солидно го совлада српскиот јазик. Така што на концертот имавме можност да ги слушнеме и новите српски песни, од кои вистински летен хит ќе биде песната „Топло је, ајмо на море“, за која е снимен и спот, во кој главната улога ја има неговиот син Лука, заедно со фотомоделот Елена Вукановска. 
“Топло је, ајмо на море“ (нов, летен хит!)
Исто така, тој одлично ги испеа и песните: „Среќа во несреќа“, „Око мое зелено“, „Лице во лице“, „Те лажеле“, „Ти пеам песна“, „Ми е гајле“, „Во туѓина“… а, врвот на ракоплескањето од публиката беше кога испеа (во нов, забавен аранжман на Дамери Имери) сплет од добро познати македонски народни песни. Да не се заборават и секогаш повторно да се пеат, да се чуваат македонските корени. Луѓето го препознаа тоа кај Панов, тоа негово патриотско чувство. Станаа сите до еден и заиграа на тие песни со него. На моменти дури и поразиграно отколку на некоја свадбена веселба.
Величествената концертна ноќ ја исполнија и популарните пејачи, негови специјални гости, Наум Петрески и Сале Тропико, кој допатува од Белград само за овој концерт. Радоста кај Јоце беше повеќе од очигледна, па токму затоа одлично ја разбираме неговата мошне емотивна изјава:
– Уште не можам да поверувам што се случи на концертот во Македонската филхармонија. Тоа беше магија што никогаш нема да ја заборавам. Тоа е мојот живот. Најдлабоката, најсветла вечер што сум ја доживеал досега во мојата кариера. Сите вие што бевте на концертот и што со години ги слушате моите песни, да знаете дека сте дел од моето срце.
Дуле МИЌИЌ (текст и фото)












