Kолони на „Богородица“: Гужвите на граница за 1 мај, почнаа на 30 април

115

Колони возила уште вечерва може да се забележат на граниниот премин „Богородица“ кон Грција. Македонците кои го споија утрешниот неработен ден со претстојниот викенд тргнаа кон грчките плажи. Стотици автомобили веќе се наредени во четирите ленти на граничниот премин, а големи гужви се очекуваат и во текот на утрешниот ден.

Од АМСМ известија дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗДВОЕНИ