недела, септември 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ НА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Димитриевски: Знаеме што сме...

ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ НА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Димитриевски: Знаеме што сме постигнале и знаеме каде одиме

20

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија не бега од одговорноста, туку напротив, застанува пред граѓаните со отчет за сработеното и јасна визија за периодот што следува, порача на денешната средба со граѓаните лидерот Максим Димитриевски. Ова Движење продолжи со средбите со граѓаните под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, на кои пред јавноста го презентира сработеното во изминатите две години на своите именувани и избрани функционери.

Пред граѓаните во Гевгелија, претседателот Максим Димитриевски, порача дека ЗНАМ е единствената политичка партија која на половина мандат со отчет излегува пред граѓаните.

– Кажуваме што сме ветиле, што сме направиле и што останува да направиме. Затоа што знаеме кои сме, знаеме зошто сме влезени во политиката, знаеме што сме сработиле, знаеме што сме постигнале и знаеме каде одиме. Не бегаме од одговорноста и не се плашиме од отчетот пред граѓаните . Пред нас има уште работа, уште многу предизвици, но имаме јасна цел и знаеме по кој пат треба да продолжиме – порача Димитриевски.

Тој истакна дека најважно е граѓаните сами да можат да го видат резултатот од преземената одговорност и да препознаат што е направено во изминатиот период.

На панел-дискусијата, свои обраќања имаа и координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, проф. Бобан Карапејовски, државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Надица Џерковска, и државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски. Тие говореа за конкретните резултати од работата во Собранието и Владата, за донесените законски решенија, поддршката за земјоделството и македонскиот земјоделец, како и за мерките и активностите за унапредување на безбедноста на граѓаните.

ИЗДВОЕНИ