Пејачот Александар Тарабунов-Тара деновиве, среде лето, објави нова песна, за која се надева дека ќе биде хит. Всушност, се работи за старата песна „Прва љубов“, која во далечната 1973 година, на некогашниот „Скопски фестивал“, премиерно ја испеа неговиот татко Ванчо Тарабунов и наш познат пејач, кој во последните неколку години пее фолк-мелодии.
– Оваа песна е подарок за мојот град Скопје. За градот кој ми е прва љубов и кој нè учи дека и по најголемите урнатини може повторно да се родат живот, надеж и љубов – емотивно порача Александар и искрено наздрави со чаша ладно шампањско, кое совршено се вклопува на овие летни горештини. (Д. М.)












