Иднината на Евролига сè повеќе се движи кон модел како НБА, со трајни франшизи за клубови подготвени на големи инвестиции.
Според процените, цената за лиценца би можела да достигне околу 85 милиони евра, а во некои случаи и до 100 милиони, особено на пазари како Париз.
Во други средини, сумата може да биде пониска, зависно од економската моќ и комерцијалниот потенцијал. Тоа значи дека нема да има фиксна цена, туку секој проект ќе се оценува индивидуално.
Евролигата веќе потврди дека се движи кон постабилен франшизен систем, но деталите сè уште не се финализирани.
За сезоната 2026/27 останува форматот со 20 екипи и 38 натпревари.











