сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Клучот на градот од Јанчев предаден во рацете на Григоријан

Клучот на градот од Јанчев предаден во рацете на Григоријан

114

Општина Кавадарци беше домаќин на настанот за одбележување на 30 години од работата на УНДП во Македонија. Во таа пригода, градоначалникот Митко Јанчев изрази огромна благодарност до постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, и до УНДП за препознавање на Општина Кавадарци како партнер во реализацијата на заедничките проекти и му го предаде клуч на градот, како симбол на вечното пријателство и на гостопримството.

Од Општина Кавадарци соопштија дека се реализирала соработката со УНДП во неколку стратешки области.

– Преку владиниот Оперативен план на активни мерки и програми за вработување, активни сме во сите мерки и програми за вработување, а особено во оние со фокус на малите и на средните претпријатија, во поддршката за отворање нови квалитетни работни места со еднакви услови за сите – истакна Јанчев.

На настанот беа присутни и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и заменик-амбасадорка на Швајцарија во Македонија, Михал Харари.

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ