Општина Пехчево распиша тендер за започнување на проектот за изградба на градска капела. Градоначалникот на Општината, Александар Китански, истакна дека проектот се реализира по барање на граѓаните.
– Капелата ќе се гради во близина на градските гробишта во Пехчево, а проектот е во фаза на тендерска постапка – информираше Китански.
Проектот е дел од програмата на градоначалникот за реализација за оваа година.
– Реализирањето на овој проект е по барање на граѓаните на Општина Пехчево, а воедно значи и реализирање на мојата програма како градоначалник на Општина Пехчево. Тендерот е објавен согласно со сите законски процедури и е достапен на системот за јавни набавки – објасни Китански.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Пехчево.