Училиштето „Григор Прличев“ во Железара е првото на територијата на Општина Гази Баба во кое секоја училница е опремена со клима- уред за греење и ладење.
– Ова не е само техничко подобрување туку и вистинска инвестиција во квалитетот на наставата и условите во кои работат наставниците и учат учениците. Кога имаат соодветна температура во училниците, децата се пофокусирани, помотивирани и постигнуваат подобри резултати. Ова значи поздрави услови, повеќе концентрација и средина што ги поттикнува учениците да го дадат својот максимум – соопштија од Општина Гази Баба.
Оттаму најавуваат дека ова е само почеток и дека ќе продолжат со истата посветеност и во другите училишта, затоа што, како што велат, секое дете заслужува еднакви и современи услови за образование.
– Образованието е клучот за развој на едно здраво, стабилно и напредно општество и затоа продолжуваме да инвестираме таму каде што се создава иднината – во нашите деца – потенцираат од локалната самоуправа.












