Јавното претпријатие „Улици и патишта“ в недела ќе врши санација на заштитната пешачка ограда на мостот „Близнак“. Активностите ќе се одвиваат на потегот долж булеварот „Киро Глигоров“, преку мостот „Близнак“, од крстосницата со улицата „Индустриска“ до крстосницата со булеварот00 АСНОМ (во насока на движење кон населбата Аеродром), и тоа во периодот од 6:00 часот до 8:00 часот.
Од претпријатието известуваат дека поради зафатите, ќе биде затворена крајната лева сообраќајна лента, која ќе биде обележана со соодветна сообраќајна сигнализација за насочување на учесниците во сообраќајот, а другата сообраќајна лента во насоката на движење останува слободна за непречено одвивање на сообраќајот.
Притоа, апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи до завршувањето на работните активности и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.












