петок, октомври 9, 2026
Дома СКОПСКА Напредува доградбата на училиштето „Невена Георгиева- Дуња“ во Кисела Вода

Напредува доградбата на училиштето „Невена Георгиева- Дуња“ во Кисела Вода

1

Во напредна фаза на реализација е доградбата на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода. Од Општина Кисела Вода информираат дека е целосно завршена мојата иднина, поставени се потребните инсталации, а во моментов активно се работи на уредување на внатрешноста на просторот.

Новиот училиштен простор е на површина од околу 560 квадратни метри и опфаќа шест нови училници и современи санитарни јазли. Проектот се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и од Министерството за образование и наука, преку програмата за капитални инвестиции во општините, како дел од успешната и континуирана соработка помеѓу локалната и централната власт.

– Доградбата на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ напредува со навистина одлична динамика. Градежните работи на карабината се комплетирани, инсталациите се поставени, а сега фокусот е целосно насочен кон внатрешното уредување на новите простории. Oвој проект е најубав доказ за тоа какви резултати можеме да постигнеме кога постои заедничка визија и силна поддршка од централната власт. Заедно инвестираме во она што е најсуштинско: во подобри услови за настава, во квалитетно образование и во сигурна иднина за нашите деца – изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска -Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ