Центарот за истражување и информирање за животната средина „Екосвест“ од Скопје, во соработка со Општина Куманово, со цел да ги промовира и да ги поттикне мерките за енергетска ефикасност кај домаќинствата во општината, организира јавен награден конкурс за домаќинства кои спровеле мерки за енергетска ефикасност на својот дом и на домаќинството.
– Со конкурсот ќе се популаризираат и наградат мерките што ги примениле домаќинствата да станат енергетски поефикасни, а исто така ќе се промовираат и постигнатите економски, социјални и еколошки придобивки – нагласуваат од Општина Куманово.
Наградниот јавен конкурс се одржува во периодот од 12.10.2026 година до 10.11.2026 година, во траење од 4 недели, на територијата на Општина Куманово, преку веб-страницата www.ekosvest.com.mk.
Наградата за енергетска ефикасност ќе биде доделена на јавен настан, организиран во Општина Куманово, како завршен настан на јавната кампања, за промоција на енергетската ефикасност на домаќинствата и придобивките кои ги овозможува во интерес на граѓаните.












