Македонскиот музичар Коки Јанков Вечерва во Македонската филхармонија, македонскиот музичар Коки Јанков го одржува својот јубилеен концерт „30 години – Виолина и гитара“, со кој ќе одбележи три децении музичко творештво и ќе им оддаде почит на заедничката музичка соработка и пријателство со Дуле.

Публиката има можност да ужива во пресек на творештвото на Јанков преку композиции што го одбележаа неговиот тридецениски музички пат, во акустична изведба со неговиот бенд и специјални гости.

На сцената му се придружија Игор Џамбазов, Бојана Скендеровска, Ристо Самарџиев, Зоран Илиев и Јована Богдановска, заедно со состав од истакнати македонски музичари. Во рамки на концертот, посебен емотивен момент внесе и заедничкиот сценски настап на Коки со внукот на Дуле кој, всушност, свиреше на неговата гитара.


Во рамки на концертот воедно се одбележува и долгогодишната соработка меѓу Дуле и Коки, чиј заеднички музички опус остави препознатлив белег на домашната музичка сцена.
Фото: П. Стојановски













