Актерот првенец Јордан Симонов е новиот уметнички директор на Македонскиот народен театар, соопштија од оваа институција.

Симонов на оваа позиција е назначен денеска од страна директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски.

– Имајќи ја предвид неговата долгогодишна актерска кариера, која започнува во 1989 година, како и неговото богато театарско и филмско искуство, како и режисерско назначувањето претставува природен и значаен чекор напред – како за него како актер, така и за развојот и идните цели на институцијата. Неговото долгогодишно искуство и работата во различни жанрови – од драма, комедија и трагедија до мјузикл – претставуваат значаен придонес во уметничкиот развој на МНТ и создавањето нови професионални и творечки импулси во работата со колегите и соработниците, се вели во соопштението на МНТ.

Јордан Симонов е актер кој има добиено голем број на индивидуални награди за неговите улоги, како и колективни, што е резултат на неговата долгогодишна работа во театарот.

Симонов пред назначувањето на уметнички директор беше член во уметничкиот совет на МНТ.

ИЗДВОЕНИ