понеделник, ноември 16, 2026
Дома КУЛТУРА Три книги од „Арс ламина“ добитници на наградата „13 Ноември“

Три книги од „Арс ламина“ добитници на наградата „13 Ноември“

1

Три книги објавени од издавачката куќа „Арс ламина“ се добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година што ја доделува Град Скопје.

Признанието во областа на публицистиката и стручните книги му е доделено на проф. д-р Огнен Марина за книгата „The Skopje Project“. Книгата „The Skopje Project“, објавена на англиски јазик, ги истражува обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година и нејзиното значење за светските архитектура и урбанизам. Изданието произлезе од истоимената меѓународна конференција одржана во 2023 година, по повод 60-годишнината од земјотресот и 110 години од раѓањето на архитектот Кензо Танге. Книгата го претставува Скопје како пример за меѓународна солидарност и визионерски урбан развој.
Во областа на здравствената заштита, пак, е наградена творечката целина составена од книгите „Превентивна стоматологија“ и „Детска стоматологија“, дело на авторски тим од Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет во Скопје, предводен од проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска. Изданијата претставуваат меѓусебно поврзана целина што ја нагласува важноста на грижата за оралното здравје уште од најрана возраст, како основа за здрави навики и подобар квалитет на животот во сите животни периоди.

Наградите „13 Ноември“ беа врачени на свечената церемонија што се одржа по повод Денот на ослободувањето на Скопје, во НОБ.

ИЗДВОЕНИ